Oснована во 1993 та како компанија за сметководствена и правна подршка на едни од првите странски инвеститори во Македонија – Бета Консалтинг бележи константен раст во бизнисот и проширување на портфолиото на услуги и клиенти.
Во услови на се по сложено деловно и правно окружување нашата улога како партнер од областа на финасиите и сметководството претставува клучен елемент за раст на основната деловна активност на клиентот.
Личната одговорност на менаџментот и секој од вработените, нивнотот академско образование и долгогодишно искуство претставуваат карактеристика и гаранција на квалитетна услуга.
Квалитетните услуги од нашата специалност за нашите клиенти значат безбедно правно и бизнис функционирање, со што клиентот може да се фокусира на својата примарна деловна активност.
Денес како една од водечките консалтинг и сметководствени компании Бета Консалтинг се издвојува по своите професионални услуги од областа на финасиите, сметководството и правниот консалтинг.
Вредноста и растот која ги креираат нашите клиенти претставуваат дополнителна и вткаена вредност во нашата компанија.
Преку вистинска финансиска стратегија, и сообразност со законските прописи и сметководствени стандарди им овозможуваме константен раст и успех на клиените, креирајќи долготрајни бизнис релации.
Изјава Елизабета
Основана во 1993та година, Бета Консалтинг е етаблиран и докажан партнер на многу странски инвеститори и успешни домашни компании. Во услови на постојан развој и промени во правната регулатива и бизнис окружувањето нашата цел е да овозможиме современи услуги со највисок квалитет.
Бета Консалтинг е една од малкуте компании на македонскиот пазар која нуди професионални неопходни услуги за функционирањето на клиентите на едно место, наша цел е услугите кои ги даваме на клиените да бидат прилагодeни на новните специфични потреби.